Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Hattrick Фудбалски Менаџер | Приклучете се на бесплатниот фудбалски свет 

Hattrick Фудбалски Менаџер | Приклучете се на бесплатниот фудбалски свет


Менаџирај - по сопствен вкус

Hattrick е фудбалска стратегиска игра каде што креирате и менаџирате ваш фудбалски тим на долгорочен план. Доволно е да се логирате еднаш дневно, дури и еднаш неделно - доколку ги повлечете правилните чекори, имате шанса да станете шампион!

 

Изгради и тренирај го својот тим

Развивајте го вашиот тим со тренинзи. Менаџирајте ги финансиите. Барајте нови играчи на трансфер листата или вложете во свој младински тим за да ги пронајдете талентите за следната ваша златна генерација.

 

Надмудрете ги противниците

Се натпреварувате против други реални менаџери во национални лиги и купови. Започнувате во пониски дивизии - и се качувате се до врвот! Можете дури и да креирате ваш приватен турнир за да се натпреварувате со вашите пријатели.

 

Заедница и апликации

Заедницата е вистинското нешто на Hattrick. Приклучете се на форумот и запознајте нови пријатели ширум светот. Имаме и одлични апликации за iOS и Android, и голем број на third-party програми кои што ќе ви го олеснат менаџирањето на тимот.

26 [Replacement Error: Context 'години' not found]
54 [Replacement Error: Context 'јазици' not found]
149 [Replacement Error: Context 'држави' not found]
14 085 878 [Replacement Error: Context 'корисници' not found]
364 759 538 [#Постови на Форум::Пост на форум|Постови на форум]
832 990 108 [Replacement Error: Context 'натпревари' not found]

Класична Онлајн Фудбал Менаџмент Игра

Hattrick е онлајн фудбал менаџмент игра каде што ја преземате улогата на менаџер со мисија да го однесете Вашиот клуб на врвот во лигата! Вие сте одговорни за сите аспекти на менаџмент со клубот: купување и продавање на играчи на трансфер пазарот, одлучувате кои вештини ќе се тренираат во тренинг центарот, подготвувате тактички план за секој натпревар што Вашиот тим ќе го игра во националната лига или куп, како на пример САД и US Open Cup.

Кога ќе отпочне Вашиот натпревар, тој ќе биде симулиран од нашиот систем и ќе можете да ја следите акцијата во нашиот преглед со коментар во живо и истовремено да се допишувате со противникот! Доколку преферирате, можете да го прегледате и анализирате натпреварот откако ќе заврши.

Hattrick е, пред се, стратегиска игра за фудбал менаџмент каде Вие сами треба да правите долгорочен план. Дали ќе инвестирате во подобри услови и објекти за младинците или ќе ги трошите финансиите на ѕвезда во години што ќе го подобри перформансот на Вашиот тим краткорочно? Дали ќе промовирате талентирани дефанзивци или напаѓачи во Вашата младинска академија?

Изберете добро, Вашите младински таленти може да прераснат во ѕвезди на тимовите во иднина, можеби дури ќе бидат и следните Lionel Messi, Cristiano Ronaldo или Kylian Mbappé во Hattrick универзумот.

Голем дел од возбудувањето е што е мултиплеер искуство - тимовите со коишто ќе се соочите се менаџирани од други луѓе, кои ќе се обидат да Ве надмудрат. Има богата заедница каде што ќе можете да се задлабочите и ги научите сите најдобри начини на тренирање, поставување на тимски тактики и подобрување на финансиската состојба на клубот.

Вашите најдобри играчи можат да бидат повикани и за репрезентација каде што ќе играат за USA националниот тим! Секоја сезона, Hattrick организира Светски Куп, било тоа да е за сениорските тимови или за У21 селекциите. Актуелните прваци на Hattrick Светскиот Куп се Argentina, да ги поздравиме со аплауз!

Доколку станете одличен менаџер, можете да се кандидирате за селектор на националниот тим и да бидете избран од Вашите колеги, онлајн менаџери. Во овој момент, има 149 национални лиги во Hattrick, а Вие можете да бидете кандидат за било која од нив, дури иако Вашиот тим е од друга лига.

Во Hattrick, секогаш има нешто за правење, дали тоа ќе биде дружење по форуми и разменување мислење за Hattrick, генерални вести за фудбалот или пак да пронајдете поволни цени за играчи на трансфер пазарот.

Но, многу важно е да се знае дека Hattrick е игра која што можете да ја играте по Ваш вкус. Ако трошите по 30 минути неделно да поставите наредби за натпреварот и да ги апдејтирате плановите за тренинг на Вашиот тим, Вие ќе имате можност да се натпреварувате и да бележите добри резултати во главните натпреварувања - се додека правите паметни одлуки.

За разлика од многу други игри, Вие немате потреба да се логирате секојдневно за да стекнете бонуси или валута присутна во играта. Нема никаков начин да се купи предност во Hattrick играта. Наместо тоа, можете да станете Hattrick Supporter, што ќе Ви овозможи многу други карактеристики дизајнирани да ја направат играта позабавна и интересна, но овие карактеристики не вклучуваат никакви предности во самата игра.

Hattrick е оригинална онлајн фудбал менаџмент игра и ние сме присутни онлајн од 1997. Основачите се сеуште активни и сеуште посветени да го понудат Hattrick како бесплатна фудбалска игра.

Чувствуваме дека Hattrick го собира најдоброто од традиционалните компјутерски-базирани фудбал менаџмент игри, како што се Football Manager сериите, но на повозбудлив начин со тоа што секогаш играте против други вистински луѓе.

Исто така, вклучува аспекти на фантази фудбал игрите и конзолите како што се FIFA Ultimate Team, каде што собирате и креирате фудбалски тимови било да е за натпревар меѓу себе, против други корисници или да правите колекција на трофеи и достигнувања.

На сите Ви посакуваме добредојде на Hattrick - најдобрата бесплатна онлајн фудбалска менаџерска игра! Потполно е бесплатно зачленувањето, нема потреба од преземање на апликации и исто така имате пристап до бесплатни апликации за iOS или Android преку кои ќе можете да ги менаџирате сите аспекти од играта, правејќи ја Hattrick истовремено и мобилна фудбалска игра.

Но внимавајте, Hattrick може да стане зависна - многу наши корисници ја играат и повеќе од 10 години и сеуште се активни.

 
Server 071